Стејт департмент: Партиите да ги стават интересите на државата на прво место

САД очекуваат работните групи да продолжат со нивната работа во однос на спроведување на обврските од договорот од Пржино, а политичките партии да ги ставаат интересите на државата на прво место со што ќе ја реафирмираат посветеноста кон евроатлантските интеграции на Република Македонија.
Ова го истакна портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби вчера на редовната средба со новинарите на прашање за кризата во Македонија.
- Ги охрабруваме македонските лидери да го надоградат напредокот што веќе го постигнаа со имплементацијата на политичкиот договор од 15 јули кој претставува најдобар начин за излез од кризата и пат кон одржување кредибилни избори во април следната година. Партиите сега го пропуштија клучниот рок за постигнување согласност за сериозни прашања кои се однесуваат на формирање техничка влада, заштита на „свиркачите“, како и заштита на приватноста, рече Кирби.
Според него, македонските лидери направиле важен чекор минатиот месец со назначувањето на Катица Јанева за специјален обвинител на која сега треба да и бидат дадени ресурсите и персоналот кои таа ги побара за да го исполни својот мандат.
Кирби подвлекува и дека политичките партии не треба да влијаат или да ја попречуваат нејзината работа.
- Се надеваме дека како што работните групи ги продолжија разговорите, сите страни ќе ги стават интересите на државата на преден план реафимирајќи ја посветеноста на македонските евроатлантски интеграции, посочува портпаролот на Стејт департметот.
Ново на Сител
-

Муцунски: Нема да примаме мигранти, ниту одбиени баратели на азил од Обединетото Кралство
-

Поевтинуваат бенизите, цената на дизелот останува иста
-

Викендов на ГП Табановце, влегле над 36.000 македонски државјани
-

Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника
-

Мицкоски објави инвестиција од 100 милиони евра во енергетиката
-

Авиосообраќајот на скопскиот аеродром се стабилизира, откажани осум лета поради магла
-

Муцунски: Во фокусот внатрешните реформи и достоинствено и соодветно решение со Бугарија
-

Божиновска: Нема да има никаква криза, државата има резерви на мазут
