Стејт департмент: Спорот да се реши надвор од пристапниот процес, САД со јасна желба првата меѓувладина конференција до крај на годината КРГ
САД ги повикуваат Софија и Скопје да ги решат постоечките билатерални спорови надвор од пристапниот процес за да се постигне заедничката цел – членство на Македонија во ЕУ, изјавија денеска за МИА од прес-службата на Стејт департментот.
Оттаму потсетуваат дека САД и Бугарија се силни поддржувачи на евроатлантската интеграција на Западен Балкан.
-Ја поздравуваме добрата волја за преговори. Ги повикуваме Бугарија и Македонија да ги решат постоечките билатерални прашања надвор од пристапниот процес за да се постигне заедничката цел – членство на Македонија во ЕУ, велат од Стејт департментот.
САД, се нагласува во изјавата за МИА, се прецизно јасни во својата желба да ја видат Македонија, која моментално е кандидат за членство, како влегува во следната фаза на процесот, со одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годината.
-Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет во целиот регион. Одлуката на ЕУ да ги отвори пристапните преговори со Македонија и Албанија во март беше позитивен чекор и беше во служба на сузбивање на лажниот наратив дека Трансатлантската заедница го остава зад себе Балканот, се вели во изјавата.
Од Стејт департментот истакнуваат дека секакви задршки во патот за пристапувањето на овие земји во ЕУ, го ризикува отворањето на прашањето за кредибилитетот на ЕУ во регионот.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
-

Пожарот кај селото Бајково и понатаму активен, но под контрола
-

Претставници од иницијативата „Стоп за Усје“ на средба со министерот Мухамед Хоџа
-

Тема на денот со Билјана Ивановска, граѓанска иницијатива ,,Шанса за Центар"
-

Ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски за случајот со изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
