Стоилковски: Ниту багер, ниту работник за Коридор 8, уште една празна нива по скапа церемонија
Токму на ова место пред два дена се одржа скапа церемонија за почеток на градбата на Коридор 8. И по два дена нема ништо од работа, нема механизација, нема работници, нема почеток на градба, апсолутно ништо.
Фрлија лопата, направија реклама и толку.
Нема ништо, уште една празна нива, празен градежен плац посеан со лаги.СДС и ДУИ се церемонијал, мајстори за промоција на проекти и инвестиции што потоа никаде ги нема.
Почитувани,
Дали церемонијата беше потребна за да се испере Артан Груби од скандалот поврзан со градбата на Коридорот 8 и 10 или беше потребно за да се обезбедат пари за фирма миленичка на ДУИ, ако веќе нема пари за печатење на учебници?
Почитувани,
Ова празна нива е вистината за владеењето и за лагите на СДС и ДУИ. Ова е сликата за иднината со СДС и ДУИ, скапи церемонии, скапи свечености, фирми блиски до ДУИ и СДС и празни градежни плацеви. Само избори се спасот од тонењето на Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Марјан Ненов од движењето Стоп извршители
-
Почина родилка во кумановската болница, новороденчето на интензивна на Детска
-
Струмица и шест села останаа без исправна вода за пиење
-
Законот за нефер трговски практики стапи на сила, поевтинување нема
-
Софија одби медијаторство на Орбан во разговорите со Скопје, различни анализи што всушност понуди унгарскиот премиер
-
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор утврдил сомнителни набавки од Владата на СДСМ
-
Расте потребата од образовни асистенти
-
Пристап до безбеден абортус е здравствено право на секоја жена