Стоилковски: Ветуваа алпски воздух, добивме смртоносно загаден воздух, Владата да прогласи вонредна состојба

Невозможно е да се живее во Лисиче, во Општина Аеродром, во Скопје. Ова не е магла, ова не е само загаден воздух, ова е гасна комора! Мерните станици не работат, работи само една, погледнете ги вредностите!
Во моментов вредноста на ПМ честичките изнесува 212, 112 над 100-ката која што се мери на ПМ10 честички, на единствената мерна станица која што работи од 6-те во Општина Аеродром.
Ветуваа алпски чист воздух, добивме смртоносно загаден воздух. Црвениот аларм треба да се вклучи. Ова е геноцид врз населението во Скопје. Навечер вредностите на загаденост во Аеродром достигнуваат до 1.000 мерни единици. Шилегов, Заев ова е реалноста, не е измислица!
Зад мене се кулите „Џевахир“ 4-те кои што се гледаат од секаде во Скопје, и би требало да се гледаат од секаде во Скопје, но гледаме дека од оддалеченост од 50-тина метри ние не ги гледаме.
Аеродром е местото каде што Заев, Шилегов и Златко Марин викаа „Аеродром Ајро – Ајро, воздух нема“ а веќе три години се на власт и чекаме било какво подобрување на условите за дишење, но попусто! Не е ништо поразлично ниту во соседните општини Гази Баба, Кисела Вода или пак Центар, никаде во Скопје нема услови за живеење.
Бараме, Владата во координација со Град Скопје да прогласат вонредна состојба, да се преземат вонредни мерки во училиштата, институциите и градилиштата.
Се поинаку од итна интервенција е намерна негрижа, намерно изложување на опасност на жителите на Скопје и намерно загрозување на здравјето и на иднината на Република Македонија.
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
