Стојковски: Се руши дивоградба во Ѓорче Петров, завршија деновите на провлекување

Утрово започна рушење на дивоградба на државно земјиште во Ѓорче Петров.
Нема да дозволиме провлекување на поединци кои мислат дека се над законот. Денеска тоа го докажавме со отпочнување постапка за рушење дивоградба на државно земјиште. На странката и беше даден предвидениот рок да постапи, но истата ги игнорираше нашите предупредувања, истакна градоначалникот Александар Стојкоски.
Законската регулатива важи за сите исто. Нема заштитени или повластени кои си играат детски игри на сметка на сите нас, градејќи бесправно изградени објекти, без дозвола.
Согласно законската регулатива, донесовме Решение за отстранување на објектот и нема да отстапиме од намерите правдата да биде задоволена и еднаква за сите.
Доаѓаат нови, добри и праведни времиња. и "дупки во законот" за правните и физички лица по разни основи и непочитување на правото, додава Стојкоски.
Цврсто стоиме на ставот да се справиме со сите кои ќе намислат слично да постапуваат. Имајте во предвид дека никој нема да биде поштеден! – вели Стојкоски.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
