Страотно злосторство: Со голи раце ја задавил сопругата, па пријавил дека умрела од природна смрт

Р.М. (59) од селот Папратиште кај Пожега е уапсен откако ја задавил својата сопруга Љ.М. (59), а убиството кое првично се обидел да го прикрие, подоцна го признал во полиција.
Монструозното злосторство се случило завчера во куќата на оваа брачна двојка кога сопругот со голи раце ја задушил својата жена која долги години боледува од Алцхајмерова болест. Р.М. потоа пријавил дека сопругата му починала од природна смрт.
Меѓутоа на нејзиното тело се забележани рани па е извршена обдукција која покажала дека Љ.М. починала од последици на задушување. Недолго потоа во Папратиште стигна полицијата и го уапси сопругот - убиец.
Како што наведуваат од МВР, на осомничениот Р.М. по налог на Вишиот јавен обвинтиел во Ужице му е одреден притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе биде приведен кај обвинител.
-Постојат основи на сомнение дека тој во семејната куќа во Пожега својата сопруга, по вербална расправија, стегајќи и го вратот со раце, ја усмртил, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
