-->
-->
Стравичен пад на алпско скијање на ЗОИ - Русин заврши во болница
-->
Павел Трихичев имаше стравичен пад за време на спуст трката во алпска комбинација на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Репрезентот од т.н. тим на „олимписки спортисти на Русија“, при полна брзина, закачи една од капиите на патеката со левата нога, ја загуби контролата и заврши во заштитната ограда.
На помош на Трихичев веднаш му пријдоа медицински лица и според последните информации од Јужна Кореја се наоѓа во стабилна состојба, надвор е од животна опасност и притоа се здобил со модринки и расекотини.
Падот на Трихичев доаѓа по само еден ден од забелешките на скијачките на лошите услови на патеките во Пјонгчанг и на силниот ветар кој веќе одложи два натпревара во алпските дисциплини.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија пред полноќ ќе добие влада
-
Детектор: Македонија назадува во приближувањето кон ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија пред полноќ ќе добие нова влада
-
Приватните превозници утре ќе возат само до 10 наутро
-
Заеднички служби го подготвуваат тендерот за набавка на нова компресорска станица
-
На Очна Клиника за прв пат операција во едно - и на катаракта и на глауком
-
Кога МЗ ќе го санира срушениот ѕид кај Детска клиника?