Струмица се загрева за карневалот
Со одржувањето на Детскиот маскенбал, утре со почеток во 18 часот, официјално почнуваат годинашниве карневалски празнувања во Струмица.
Организацискиот одбор в четврток планира одржување на три настани. Првиот е закажан во 12 часот. Тогаш треба да бидат објавени резултатите од конкурсот за најдобри литературни остварувања на тема карневал во организација на Библиотеката „Благој Јанков Мучето“ од Струмица. Во 19:30 ќе биде отворена изложбата на фотографи од ланскиот карневал, а во 20 часот учениците од Музичкото училиште „Боро Џони“ ќе го одржат својот традионален концерт под маски.
В петок, на 16 февруари, е свеченото отворање на „Струмичкиот карневал 2018“ со одржувањето на традиционалниот маскенбал во Хотелот „Сириус“. Традиционално на него се избираат принц и принцеза на Карневалот, кои заедно со кралската свита ќе ја предводат големата интернационална карневалска поворка на главната карневалска вечер.
В сабота е главниот настан на годинашниов карневал. Во 18:30 часот ќе почне да се движи поворка од над две илјади маскирани учесници по улиците на Струмица, а завршните настапи групите од Македонија и странство ќе ги имаат на плоштадот „Гоце Делчев“ пред жири комисијата. Во 23 часот забавата продолжува на Плоштадот „Гоце Делчев“ со настап на забавувачи од островот Аруба, кои повеќе години настапуваат на Струмичкиот карневал.
Празникот Прочка, 18 февруари в недела, е резервиран за Детскиот карневал. Со почеток во 11 часот на градскиот плоштад најмладите ќе продефилираат во маските на нивните омилени јунаци од филмовите и бајките.
На Чист Понеделник, 19 февруари карневалските празнувања продолжуваат со варење и консумирање на традицоналниот бел грав, а ќе бидат објавени и резулатите за најуспешните маски од интернационалната карневалска вечер.
Во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе биде отворена и традиционалната изложба на карикатури и афоризми и ќе бидат доделени наградите на најуспешните.
Претпоследниот ден е резервиран за доделување на наградите од Интернационалната карневалска вечер и одржување на Тримерска карневалска вечер.
Карневалот завршува на 21 февруари со одбележување на Тримерските обичаи и со концерт на Ансамблот „Тримери“ од Струмица.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o