Македонија
22. November 2017 - 14:18

Струмичанец фатен со 21 килограм марихуана

СВР Струмица поднесе кривична пријава против З.Б (52) од Струмица за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Лицето на 30 октомври 2017 бил фатен од граничната полиција во реонот граничен камен 12 кај месноста викана „Војничка чешма“ со 21 килограм опојна дрога марихуана.

Од страна на СВР-Струмица прееземни се мерки и активности во насока на утврдување и идентификување на сторителот кој критичната вечер имал намера опојната дрога да ја криумчари, како и на идентификување на организарите на овој кривично правен настан, велат од полицијата, кои вчера извршиле претрес во неговиот дом.

- Вчера по претходно добиена наредба од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица, извршен е претрес на дом и други простории каде што живее пријавениот. При претресот се пронајдени непозната бела прашкаста материја со маса од околу 19 грама и непозната растителна материја со маса од околу 25 грама (кои се дадени на дополнително вештачење); како и 16.200 денари, 4.055 евра, 120 швајцарски франци, 65 турски лири, 1000 унгарски форинти и 20 полски злоти; мобилни телефони и дигитална вага, рече Хризантема Рендевска од СВР Струмица.

По целосно расчистување и документирање на настанот од страна на СВР-Струмица изготвена е кривична пријава и со материјалните докази доставена во ОЈО-Струмица.