Студено утро, преку ден сончево
Денешното утро ќе биде студено со услови за слаба магла во котлините, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималните температури ќе се движат во интервал од минус 9 до 3, а максималните ќе достигнат од 4 до 11 степени.
Во Скопје ќе преовладува утро студено утро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималните температури ќе се спуштат до 0, а максималните ќе достигнат до 9 степени.
До среда ќе продолжи периодот на стабилно и суво време, во најголемиот дел од земјата со негативни утрински температури. Некаде во котлините наутро ќе има услови за појава на магла. Од ноќта кон среда од запад ќе почнуваат врнежи од снег и понекаде од дожд. Ќе се создаде снежна покривка особено во западните и северните делови, а постојната значително ќе се зголеми.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.