Судбина на неразделни девојки: Заедно од градинка, заедно во смрт

Две малолетнички, Франческа (16) и Елена (17) загинаа во тешка сообраќајка во неделата, пет минути по полноќ, на патот Пула - Фажанa, додека четворица млади се полесно повредени, соопшти хрватската полиција.
Несреќата се случила кога 18-годишната девојка која била зад воланот на „ситроен ксара“ од правецот на Фажанa кон Пула, во кривина поради неприлагодена брзина изгубила контрола врз возилото и поминала во спротивната лента.
Возилото излетало од патот и удрило во стебло. Од силиата на ударот автомобилот се одбил, се изротирал и запрел на патот. Во моментот во возилото имало осум лица, шест девојки и две момчиња. Трите малолетнички од 16 и 17 година како и 15-годишно момче тешко се повредени и задржани во болницата во Пула, а девојката и 17-годишно момче поминале со полесни повреди. Според податоците на полицијата, девојката зад воланот, во моментот на несреќата имала 0,26 промили алкохол во крвта.
-Заедно растеа, одеа во градинка, а потоа и на училиште, и на крајот заедно заминаа во смрт. Беа нераздвојни, како прст и нокот, како вистински сестри. Франческа и Елена ми беа пријателка, имаа само 16 и 17 години, вели нивниот пријател Марин П.
Тој со пријателите дошол на местото на тешката трагедија за која зборува цела Фажана и Истра. Тешката тишина на местото на погибијата во неделата во раните утрински часови ја прекинуваа само болни воздишки и лелеци.
Телата на настраданите девојки се предадени на патологија во Пулската болница.
Ново на Сител
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
-

Над 1000 казни за 2 дена
-

Повеќе можности за студентите, заедничка призната диплома на повидок
-

Македонски Каритас започнува проект од половина милион евра за подобрување на животната средина во седум општини од југоистокот
-

Трета година по ред ООУ Кочо Рацин од Прилеп организира еко акција за пошумување
-

Преглед на вестите од светот

