Судијката Николовска: За бегството на Мијалков апсолутно може да се утврдат слабости
Во своето гостување во вестите на Сител судијката Маргарита Цаца Николовска зборуваше за тоа дали може да се утврдат слабости во случајот бегство на Сашо Мијалков и посочи дека апсолутно може да се утврдат затоа што тоа не се такви ситуации да не може се приберат докази и да не може да конструира фактичката состојба таква каква што била.
- Апсолутно може, тоа не се такви ситуации да не може се приберат докази и да не може да конструира фактичката состојба таква каква што била. Прашање е на активност на одредени служби кои според мене барем сега за сега не покажаа голема спремност да ја известат македонската јавност и на тој начин барем делумно да ја повратат довербата кај сите. Еве вие гледате и во целиот тој случај се обиде судството да биде единствениот виновник, а ние тука имавме однесувања на многу други личности од други органи кои ако ништо друго барем заедно требаа да сносат некаква одговорност која што ќе се детектира. Без детектирање на одговорност мислам дека не е во ред. Затоа мислам дека многу треба да се прави во оваа насока секој во рамките на своите обврски да одговара за она кое го сторил или пропуштил да го стори, рече таа во своето гостување.
Ново на Сител
-

Ново рочиште за „Дражавна лотарија“
-

Регионален форум на локално лидерство за млади, мир и безбедност
-

Ромите се уште се соочуваат со предизвици
-

Се помалку се подготвува зимница
-

Сушата ја пролонгира есенската сеидба
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
