Сунак пристигна во Израел
Британскиот премиер Риши Сунак денеска ќе пристигне во Израел и ќе се сретне со неговиот колега Бенјамин Нетанјаху и претседателот Јицак Херцог пред да ги посети другите регионални престолнини, соопшти Даунинг стрит.
– Секоја смрт на цивил е трагедија. Премногу животи беа изгубени по ужасниот терористички чин извршен од Хамас, истакна Сунак во пресрет на посетата.
Според него експлозијата во болницата во Газа, во која загинаа стотици Палестинци, треба да послужи како „момент за лидерите од регионот и светот да се здружат за да избегнат уште поопасна ескалација на конфликтот“.
Предвидено е Сунак да побара и отворање на коридор за да се донесе хуманитарна помош во Газа и да им се овозможи на британските граѓани да ја напуштат енклавата.
Најмалку седум Британци се убиени, а девет се водат како исчезнати по нападот врз Израел на 7 октомври.
Додека шефот на британската дипломатија Џејмс Клеверли, кој минатата недела беше во Израел, во следните три дена ќе ги посети Египет, Турција и Катар со цел изнаоаѓање на мирно решение на конфликтот.
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка