Ракомет
23. September 2015 - 11:32

Супер лига: Вардар Јуниор и Металург го комплетираат 1.коло

Со натпреварот меѓу Вардар Јуниор и Металург што попладнево се игра во СРЦ Кале со почеток ќе биде комплетирано 1.коло од ВИП Супер лигата. „Вториот тим“ на Вардар лани во рамките на Прва лига натпреварувањето го заврши со максимален број бодови. На кормилото на Вардар Јуниор се наоѓа легендата на мак-ракометот Пепи Манасков.

Почетокот на дуелот е во 17 часот.
 
Резултати од 1.коло:
Работнички - Охрид 30:24,
Борец - Металург 2 27:26,
Пролет - Радовиш 29:27
Прилеп - Пелистер 26:21.