Светските лидери и донатори ветија 8,8 милијарди долари за програмите за вакцинирање во најсиромашните земји

Лидерите на најразвиените земји и светски познатите донатори, како „Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс“, ветија дека ќе обезбедат 8,8 милијарди долари за програмите за вакцинација во најсиромашните земји во светот, пренесуваат француските медиуми.
Посочените 8,8 милијарди американски долари беа ветени на виртуелниот самит на „Вакцина Алијанса“ (Vaccine Alliance), на која присуствуваа повеќе од 50 земји, претставени со повеќе од 35 шефови на држави и влади, и сумата е далеку над очекуваните 7,4 милијарди американски долари што треба да се обезбедат во следните пет години, пренесува Хина.
Средствата ќе бидат искористени за продолжување на меѓународната кампања за вакцинирање против сипаници, детска парализа и тифусна треска, што сега е сериозно нарушена од епидемијата на Ковид- 19.
На состанокот требаше да се упатат и повици за финансирање на купувањето и производството на можната идна вакцина за Ковид-19 и поддршка на нејзината дистрибуција низ земјите во развој.
Меѓународната организација „Вакцина Алијанса“ сака да обезбеди еднаков пристап до вакцините преку јавно-приватно партнерство, за што планира да собере две милијарди американски долари.
На вчерашниот самит 12 донатори собраа почетен капитал од вкупно 567 милиони американски долари токму за оваа намена, се вели во соопштението за печатот.

На конференцијата на донатори домаќин беше британскиот премиер Борис Џонсон, кој ја пофали одлуката за „уникатниот настап“ што ќе го „отвори патот за меѓународна соработка“ и решеност да се најде вакцина за новиот коронавирус.
Ново на Сител
-

Русија забрани извоз на петрохемиски производи
-

Мицкоски на средба со раководството на „Дојче телеком“: Дигиталната трансформација и технолошкиот развој се стратешки приоритети на Владата
-

Од полноќ бензините поскапуваат за два, дизелот за еден денар
-

Судењето за „Онкологија 2“ почна одново, Васев и Нухи повторно негираа вина
-

Тошковски: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
-

Песков: Се уште нема детали за средбата меѓу Путин и Трамп во Кина
-

ВМРО-ДПМНЕ: Банкарскиот систем е стабилен
-

Приведен Давор Мацура сопственикот на „Алта банка“ во Србија
