Тачи: ЕУ ја злоупотребува проевропската ориентација на Косово
Некои претставници на Европската Унија ја злоупотребуваат проевропската ориентација на косовските граѓани, за да го понижат Косово и за да се доцни со неговата европска перспектива, оцени синоќа косовскиот претседател Хашим Тачи.
- На Косово му треба брзо движење кон конкретна европска перспектива, а не процес кој би можел да трае пет, десет или 20 години, изјави Тачи за телевизијата Клан Косова.
Според него, Косово „нема карта за уцена“ во рацете и нема можност да се повикува на Русија, Турција или Албанија.
- Доволно е Србија само да проговори за Русија и претставниците на ЕУ веднаш ја прифаќаат секоја нејзина идеја, изјави Тачи, додавајќи дека во Брисел ќе направат се само да не се спомене Москва.
Според Тачи, ставот на ЕУ со кој либерализацијата на визниот режим за косовските граѓани е условена со усвојување на договорот за демаркација на границата кон Црна Гора, во суштина претставува замка за Косово, бидејќи е јасно дека во овој момент не може да се обезбеди двотертинско мнозинство во Парламентот во Приштина за негова ратификација.
Ново на Сител
-
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи од снег
-
УЈП: Регистрација и дерегистрација на ДДВ обврзници до 15 јануари
-
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа во Катлановско Блаце
-
Нема да бидеме Американци, туку Гренланѓани, но отворени сме за соработка, вели премиерот на најголемиот остров во светот
-
Бајден ја осуди одлуката на Мета да ја прекине програмата за проверка на факти
-
Данската влада размислува да го зголеми своето воено присуство на Гренланд
-
Јапонската полиција уапси студентка поради напад со чекан на универзитет во Токио
-
Фатен бегалец од затвор осуден на казна од 23 години