Тактичка воена вежба на Криволак
Тактичка вежба со боево гаѓање ќе се одржи денеска на „Криволак“ во рамки на теренската вежба „Одлучен удар“, која од 5 јуни до 9 јули, во две ротации се одржува на Центарот за поддршка на обуката.
Пешадија, артилерија и воздухопловни единици ќе учествуваат во тактичката вежба, која е отворена за медиумите, а ќе присустува и Џозеф Ленгиел, шеф на Бирото на националната гарда на САД.
Околу 2.700 војници од шест држави вклучувајќи ја и нашата учествуваат во оваа најголема воена вежба во земјава.
Нашата армија и војската на САД учествуваат со по 1.300 војници, додека Црна Гора со 75, Литванија 10, Бугарија 25 и Албанија со 25 војници. Со вежбата војските ќе обезбедат синхронизација на расположивите сили и капацитети и зголемување на интероперативноста меѓу силите за специјани операции на партнерските земји.
Сценариото на вежбата предвидува демонстрација на подготвеност со употреба на кредибилна колективна одбрана кое вклучува сеопфатно планирање на операции, вежби на командно место, двострана теренска вежба и обука со боеви гаѓања.
За време на вежбата ќе бидат организирани и отворени денови за граѓаните низ неколку градови. Утре во Гевгелија, на 11 во Свети Николе, 15 во Кавадарци, 26 во Радовиш и Струмица, на 29 јуни во Битола, на 1 јули во Гостивар и на 5 јули во Скопје. Во овие градови ќе биде презентирано вооружувањето и опремата, ќе се организираат спортски натпревари, а мобилните медицински тимови на армијата на САД ќе проверуваат крвен притисок и шеќер во кртва кај локалното население.
Ново на Сител
-
Неготинци апелираат да не се заборави случајот со исчезнатиот Миле Тодоров
-
Георгиевски освои злато на Скопје Опен Г1
-
Трамп бесен на Путин
-
Протести против Маск ширум светот
-
Лишено од слобода лицето кое пукаше со пиштол во скопски Чаир
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш