Течат роковите за изборните дејствија за претседателските и за парламентарните избори 2024
Политичките партии во опозиција и политичките партии на власт кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, согласно роковникот на Државната изборна комисија (ДИК) за претседателските и парламентарните избори до денеска треба да ги достават предлог членовите за избирачки одбори.
-Политичките партии во опозиција, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови и политичките партии на власт, кои на последните избори за пратеници освоиле најмногу гласови, предлозите за членови на ИО и нивните заменици ги доставуваат до ОИК во рок од пет дена од денот на добивањето на известувањето, најдоцна до 26 март, се наведува во роковникот од ДИК.
Кога станува збор за парламентарните избори до денеска е и рокот за доставување на барања за запишување, дополнување или бришење на податоци во Избирачкиот список.
ДИК по поднесените барање одлучува со решение во рок од три дена од денот на приемот на барањето, согласно Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список.
Избирачкиот список за претседателските избори во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид, отпечатен во вид на изводи, ДИК го заклучува најдоцна на 02 април.
ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна 15 дена пред денот на одржувањето на изборите, најдоцна на 08 април.
Избирачкиот список за парламентарните избори во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид, отпечатен во вид на изводи, ДИК го заклучува на 02 април, а го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна 15 дена пред денот на одржувањето на изборите, односно на 22 април.
Ново на Сител
-

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е циклотронот, се прави сè што е можно побрзо да се набават суровини за него
-

Ангелов: Пожарот во Мариово повторно се активира, огнената линија се протега на 20 километри
-

НП „Шар Планина“ со апел до возачите на моторни возила да ја намалат брзината при движење низ планинското подрачје
-

Трамп ја нарече Ормуската Теснина - нова територија на САД
-

Голем кибер напад во Летонија, украдени податоци од 1,2 милиони луѓе
-

Убедлив триумф на Вардар против грчки Олимпијакос
-

Украина учествуваше во вежбите на НАТО против дронови во Летонија
-

Тошковски на централната прослава во Охрид: 34 години македонска Армија – чест, традиција и сигурност за Македонија
