-->
-->
Телефонски разговор Бегај – Османи за состојбата на северот на Косово
-->

Албанскиот претседател Бајрам Бегај оствари телефонски разговор со неговата косовска колешка Вјоса Османи за „тензичната состојба на северот на Косово”.
Бегај во објава на Фејсбук напиша дека со Османи разговарале и за оставките на претставниците на Српската листа од државните институции во Косово и за блокирање на нивното работење.
– На претседателката Османи и ја изразив мојата загриженост и истовремено го охрабрив продолжувањето на дијалогот меѓу страните, имајќи го предвид зачувувањето на мирот и стабилноста, како и територијалниот интегритет на Косово гарантиран од Н ТО, напиша Бегај.
Тој нагласува дека останува голем интересот за евроатлантските интеграции на Косово и на целиот регион на Западен Балкан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Зелени грантови за домаќинствата и бизнисите во Босилово
-

Над 200 евакуирани во Кичево поради поплава
-

СДСМ со нови обвинувања за тендери, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла како популизам
-

Обвинувања за поврзаност со бизнисот со канабис - нова политичка пресметка
-

Мицкоски од Минхен: Не ни треба процес без крај, туку предвидлива европска иднина
-

МОН од утре ќе организира јавни дебати за Законот за високо образование
-

За околу 2 месеци се очекува да заврши измената и дополнувањето на текстуалниот дел од ГУП за Прилеп
-

Штип центар на европска студентска мобилност
