Телевизиска дебата нa кандидатите на десницата за претседател на Франција
Реформите во пензискиот систем и трудовото законодсвство и односите со Русија, беа дел од темите на кои дебатираа двајцата претседателски кандидати на француската десница Алан Жипе и Франсоа Фијон во последното телевизиско соочување во пресрет на неделиниот втор круг од прелиминарните избори за кандидат на конзервативната партија Републиканци за претседател на Франција.
Како што јави допсиникот на МИА од Париз, Фијон оцени дека Франција е „на работ на револт", ветувајќи дека ако стане претседател „ќе измени многу работи во првите три месеци од мандатот“.
Жипе пак се заложи за „враќаење достоинството на функцијата“, која сега, спорд него, е „наруепена" и најави дека ако биде претседател ќе „дејствуваат брзо“ и „ќе издава уредби, бидејќи тие дозволуваат да се оди побрзо“.
Покрај пензиски реформи Жипе најави дека би спровел и „две или три структурни реформи, кои ќе покажат дека нештата се менуваат“.
Фијон планира во периодот од 1 јули и 30 септември 2017 година да фо реформира пазарот на трудот и најави нов закон за основните стандарди на трудот, како и пензиски реформи.
Тој остро го нападна сегашниот социјален модел на Франција, оценувајќи дека тој „не ни постои“. - Зборувате за социјален модел кој генерира шест милиони невработени, милиони млади луѓе кои не се во училиште, туку на улица, рече Фијон.
Според Жипе, пак, најдобар начин да се консолидира пензискиот систем е постепено да се зголемува старосната граница за пензионирање на 65 години.
Тој го нападна Фијон за неговите предлози за здраствено осигурување и изрази длабоко несогласување со неговиот противкандидат, кој предлага намалување на здравствената заштита и осигурување само за сериозните и тешки заболувања,
Околу безбедносните прашања Жипе смета дека „државата треба повторно да се вооружа“ и е против намалувањето на работните места во полицијата, алудирајќи на времето кога Фијон беше премиер, кога во полицијата беа улинати 50.000 работни места. Фијон одговори дека не жали за тоа, нагласувајќи дека 20.000 полицајци „воопшто не одат на терен“.
Околу правото на абортус, Жипе побара од својот ривал да се дообјасни, по полемиката дека тој е против, на што Фијон одговори дека не е „средновековен конзервативец“ и дека нема да го укине ова право.
Меѓународната политика зазеде само седум скромни минути од дебатата за иден претседателски кандидат на десницата. На критиките дека е русофил и близок до рускиот претседател Владимир Путин, Фијон одговори дека интерес на Франција не е да ги смени сојузниците вртејќи се кон Русија, повтрувајќи дека сепак сака да воспостави врски со Москва. Тој одби да признае дека добил поддршка од Путин, но не порпушти на нагласи дека политиката на актуелниот претседател Франсоа Оланд кон Русија е апсурдна.
Приврзаниците на Фијон и Жипе сметаат дека нивниот канидат бил подобар во дебатата, додека пак медиумите мала преност му даваат на Жипе.
Анкетите на јавното мислење укажуваат дека Фијон ќе извојува убедлива победа на неделните прелиминарни избори.
Право на глас на изборите имаат сите француски гласачи, под услов да потпишат повелба за прифаќање на вредностите на десницата и центарот и да платат две евра.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
Со стартот на грејната сезона зголемена опасноста од пожари
-
Иницијативен одбор во ЛДП бара смена на Зајкова, таа вели дека и се закануваат
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
ДСЗИ утре ќе го објави извештајот од надзорот за починатото 5–годишно девојче на детската клиника
-
ВМРО ДПМНЕ обвинува: СДСМ и ДУИ недоволно ги користеле апаратите за магнетна резонанца, а пациентите чекале
-
Власта да се откаже од новогодишната кошничка, бара СДСМ