Тешки борби меѓу армиите на Ерменија и Азербејџан во енклавата Нагорни Карабах
Ерменското Министерство за одбрана информира дека во моментов водат тешки борби со азербејџанската војска во Нагорни Карабах, енклава во Азербејџан, што се наоѓа под контролаа на локалните етнички ерменски сили и ерменската војска, пренесуваат американските медиуми.
Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана, Арцрун Хованисјан, денеска за американските медиуми изјави дека борбите се водат долж целата линија на контрола, која го дели Нагорни Карабах од Азербејџан. Тој на Фејсбук напиша дека во борбите има жртви од двете страни и дека е соборен ерменски хеликоптер.
Азербејџанските власти се уште не излегоа со свој коментар.
Нагорни Карабах е под контрола на ерменската армија и локални сили уште од завршувањето на војната во 1994 година.
Долгогодишните преговори, под агенда на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), не дадоа никакви резултати за надминување на конфликтот, додаваат американските медиуми.
Ново на Сител
-
Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“