Тешко повреден 93-годишен пешак во Кавадарци по удар од „југо“

Пешак во Кавадарци е тешко повреден откако во него удрило „југо“, информираа попладнево од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Вчера во 14:20 часот во ОВР - Кавадарци е пријавено дека на улицата „Мито Хаџи Василев“ во градот, патничко возило „југо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Ц.П., на возраст од 58 години од Кавадарци, удрило во 93-годишниот пешак Д.К. од Кавадарци. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница - Кавадарци, појаснија од СВР - Велес.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР - Кавадарци.
Инаку, СВР - Велес изминатото деноноќие евидентирал и две пријави за физички напади во Тиквешко.
- Денеска во 1:25 часот во ОВР - Неготино, Б.Ј., 40-годишен неготинец, пријави дека во угостителски објект во градот, по претходна расправија, Т.Н., сограѓанин, физички го нападнал, при што употребил и стаклен предмет, појаснија од СВР - Велес.
Вчера пак, во 17 часот во ОВР - Неготино, А.М., на возраст од 24 години од село Криволак, неготинско, пријавил дека во селото бил физички нападнат од лицата со иницијали Н.Б. и С.Б..
Од СВР - Велес потенцираа дека се преземаат мерки за расчистување на настаните.
МИА
Ново на Сител
-

Дуел Мицкоски-Филипче на пратенички прашања
-

Гаши не го коментира Груби – партиите меѓусебно се обвинуваат
-

Вајц: Македонија да го искористи позитивниот момент за проширување на ЕУ, итно се потребни уставни измени
-

Најавен со билборди, пречекан со црвен тепих: Посетата на Бегај почна од Чаир
-

Во Кривичен суд пристигнале 476 приговори за „Сејф Сити“
-

Од кандидат за градоначалник до поранешен судија: Пет имиња во трка за член на Судскиот совет
-

Андоновски ја поздрави одлуката на ЕК за отпочнување преговори за укинување на роаминг трошоците меѓу ЕУ и Западен Балкан
-

Дополнителни 186 милиони евра и нов рок за автопатот Кичево–Охрид
