Тестирањето на околу 800 штипски текстилни работници завршува утре
Забраната за работа во штипските тестилни и кожарски фабрики и денеска се почитува, информира градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и Кристина Ампева од НВО „Гласен Текстилец“. Масовното тестирање на работниците денеска се реализира во една, а утре завршува во последната која беше затворена. Во таргетираното тестирање се опфатени околу 800 работници од седум конфекции.
Директорката на Центарот за јавно здравје, Марија Димитрова вели дека над 70 отсто од активните случаи се текстилни работници од седумте конфекции, најмногу има во првата која беше затворена, таму од сто работници над 50 се заразени со коронавирусот.
-Од 104 активни случаи до вчера од нив 77 се текстилни работници, а остнатите се членови на нивните семејства. Утре завршуваме со скринигот на конфекциите. Потоа целосно ќе се посветиме на тестирање на контактите на досега позитивните, бидејќи ни се појавија поединечни случаи за кои засега не можеме да утврдиме дали се поврзани со кластерот на конфекциите, вели Димитрова.
Во понеделник кога завршува забраната за работа две од конфекциите нема да работат. Соптсвениците ги пуштиле работниците на годишен одмор.
Штипскиот градоначалник, Бочварски вели дека оние кои од понеделник ќе ги отворат погоните мора да имаат Ковид 19 координатори. Тие ќе ги предупредуваат работниците за држење на дистанца и носење на маските во фабриките, но и за време на паузите.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА информира дека на Инфективното одделение се хоспитализирани 21 пациент позитивни на Ковид 19, а две лица чекаат резултатите од земените брисеви. Пациентите се со лесна и средна клиничка слика, а некои од нив и на повремена кислородна поддршка.
Ново на Сител
-

„Одек низ времето“ – музичко патување низ епохите на класичната музика
-

Битолчанец излегол од затвор на отсуство, па повторно бил уапсен пошто поседувал различни видови дрога
-

Малолетничка пријавила дека била допирана по телото од ученик во основно училиште во Скопје
-

Кривична за маж кој 8 месеци силувал дете помало од 15 години
-

Мицкоски: По шест месеци најавување „скандали“ за унгарскиот кредит, нема ниту „К“ од криминал, парите се за економија
-

Сведочење на судењето на 13 полицајци за „Пулс“: Не изгледаше дека ќе биде сериозна ситуација
-

Мицкоски до Филипче за рудниците: Ние не ја распродаваме државата, туку го враќаме она што вие го распродадовте
-

Мицкоски: Инвестираме во модернизација на институциите и подобри јавни услуги
