Тетовчанец отворил оган врз полициски службеници и избегал
Вчера вечерта пред влезот на селото Чифлик, по претходна пријава за две сомнителни патнички возила, биле упатени полициски службеници од ПО Групчин се упатиле да извршат проверка. На влезот во селото биле паркирани возила „Опел Вектра“ со гостиварски регистарски ознаки во кое имало едно непознато лице и „Ауди А3“ со скопски регистарски ознаки во кое имало четири непознати лица. Кога се доближиле полициските службеници, лицето кое било во „Опелот“ испукало неколку истрели од огнено оружје кон нив, на што полициските службеници возвратиле. Тој по испукувањето побегнал во непознат правец. Нема повредени лица, а четирите лица од „Аудито“ биле приведени во СВР Тетово и по извршениот разговор биле пуштени. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите