Тевдовски во посета на Општина Кисела Вода
Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски денеска имаше средба со министерот за финансии Драган Тевдовски.
Како што соопшти општина Кисела Вода, на средбата се дискутираше за ЕУ фондовите и капиталните инвестиции.
- За нас како Министерство за финансии е многу важно дека има голема поддршка на изградба на тоа што им треба на граѓаните во општините. Тука се вложува во атмосферска канализација, во реконструкција на пат, но ЕУ вложува и во изградба на автопати, во училишта, во пречистителни станици, изјави Тевдовски посочувајќи дека добиваме значајна поддршка од ЕУ за подобрување на инфраструктурата.
ЕУ на годишно ниво инвестира 90 милиони евра. Инвестициите во инфраструктурни проекти како патишта, училишта, болници ќе овозможи подобри услуги за граѓаните, се наведува во соопштението.
Министерот и градоначалникот, посочија дека во моментов, во општината се реализира проект преку ИПА фондовите за рехабилитација на пат во село Драчево, но дека е потпишан и договор за финансирање атмосферска канализација преку МСИП преку Светската банка.
Како што се наведува во соопштението, меѓу планираните проекти за кои, како што рече министерот, може да се разгледуваат можности и за надворешни извори или да се помогне со средства од буџетот, се изградба на две градинки и училиште.
Градоначалникот Темелковски ја оцени соработката на локалната и централната власт како одлична посочувајќи на проектите што ги работат заедно.
- Се надеваме во иднина ќе продолжи соработката и навремено ќе се координираме за буџетот за 2019 и 2020 година, што беше тема на денешната средба, рече Темелковски.
Тевдовски и Темелковски по средбата во Општина Кисела Вода, се сретнаа со претставници на бизнис заедницата на територија на општината, со цел да ги слушнат нивните барања и да се најде заедничко решение на сите проблеми.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот