Loading Video...
Кошарка
19. October 2021 - 17:31

ТФТ домаќин на Сигал Приштина во дуел од БИБЛ Лигата

Најпријатното изненадување во ланската, но и оваа сезона во мак-баскетот тимот на ТФТ во овие вечерва од 19 часот ќе го игра првиот меч од новата сезона во регионалната Балканска лига. 
 
Во дуелот од Б групата, тимот од скопската населба Тафталиџе е домаќин на косовскиот претставник Сигал Приштина екипа за која веќе одигра еден натпревар во кој на домашен терен загуби од бугарскиот Академик Пловдив со 85-94.
 
Во оваа конкуренција ТФТ покрај овие екипи ќе игра и протов уште еден бугарски тим Берое, црногорскиот Ибар Рожаје и израелската екипа Ирон. 
 
Потсетување дека во А групата настапуваат уште две македонски екипи, Куманово и Академија ФМП, кои минатата недела го одиграа првиот меѓусебен дуел, а во него победа оствари скопската екипа.
 
Тие своите натпревари од 2.коло ќе ги играат наредната седмица.