ТИ: Данска со најмала корупција во светот
Нов извештај на Транспаренси интернешнал покажува дека корупцијата во јавниот сектор продолжува да биде сериозен проблем во светски размери.
Според извештајот, Данска е втора година по ред на првото место како држава каде има најмала корупција – со оценка 91 од максимални 100. Сомалија и Северна Кореја се на дното од листата со оценка осум. Соодветно на 167-то место.
САД и Велика Британија се со најдобра оценка во историјата на таквите анализи. САД се на 16 место со оценка 76, а Велика Вританија е на 10-то место со 81 индексни поени.
Во првите десет места се Финска (90), Шведска (89), Нов Зеланд (88), Холандија (87), Норвешка (87), Швајцарија (86), Сингапур (85) и Канада (83 индексни поени).
Индексот на ТИ се базира на експертски анализи за корупцијата во јавниот сектор земени по неколку фактори како – дали владини лидери во дадена држава се сметаат за одговорни заради корупција или се неказнети, дали јавните институции одговараат на потребите на граѓаните, дали се смета дека поткупот доминира во одделна држава.
ТИ наведува дека во држави како Полска (3-то место со оценка 62), Унгарија (50-то место оценка 51) и Турција (66 место оценка 42) политичарите и нивните соработници се повеќе земаат контрола врз државните институции за да ја задржат власта.
Русија е на 119 место заедно со Азербејџан, Гвајана и Сиера Леоне. Сите тие држави имаат по 27 индексни поени.
На „дното“ од листата се Северна Кореја и Судан (165 место со 12 индексни поени). До нив се и Авганистан, Ирак и Сирија.
Ново на Сител
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Тема на денот со Никола Додевски, адвокат
-
Во буџетот нема пари за субвенционирање на придонесите за минималец од 500 евра, велат експерти
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
Само еден тендер за мазут преку компанијата на Капушевски е објавен на електронски систем
-
Собранието изгласа недоверба на 5 члена на Судски
-
Единаесет приведени во акцијата за сомнителна набавка на деривати
-
ИЈЗ: Загадениот воздух се поврзува со смртта на околу 4000 луѓе годишно во Македонија