Тие се богатите деца на Босна и гордо тоа го покажуваат: Во прв план бујни деколтиња, прескапи автомобили, злато и пари
Богати деца на Дубаи, Сингапур, Истанбул, Лондон, Будимпешта, Техеран, Германија, Тунис па дури и на Зимбабве и Балканот се познати профили на Инстаграм преку кои младите наследници покажуваат како уживаат во животот. Со други зборови, ги покажуваат скапите автомобили, егзотичните плажи, златниот накит и парите.
По Богати деца на Балканот се појавија и Богати деца на Босна.
На Инстаграм профлиот "richkidsbosnia" главно се објавуваат фотографии од скапи автомобили и тоа Порше, Мерцедес, Ауди... Се објавува и златен накит но и пари.
Со скапите автомобили и златото одат убави девојки, па има неколку фотографии на девојки, кои не ја пропуштаат можноста да се пофалат со раскошот, скапата гардероба и модните аксесоари.
Младите девојки најмногу објавуваат фотографии на кои се во провокативни изданија, сакајќи на тој начин да привлечат поголемо внимание.
И додека многу сметаат дека ова е невкусен начин овие деца да се фалат со богатството на своите родители, други сметаат дека секој има право да покаже каков е неговиот начин на живот.
Ново на Сител
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце