Тоа беше свадбата на векот - Брена и Боба денеска слават 25 години брак

Лепа Брена и Слободан Живојиновиќ се венчаа на 7 декември 1991 години во салата на хотелот Интерконтинентал во Белград.
Покрај нив на овој посебен ден беа нивните блиски роднини, пријатели и колеги. Младенците беа убаво расположени и своето судбоносно „да“ го изговорија јасно и гласно.
Невестата во текот на венчавката, како што е редот го фрли бидермаерот кој заврши во рацете на нејзината блиска пријателка и колешка Драгана Мирковиќ.
Над 600 гости беа присутни на свадбата, а младенците добија и над 4.000 честитки, писма и телеграми. Медиумите со денови пишуваа за оваа церемонија.
Брена и Боба одлучија годишнината од бракот да ја поминат со децата Филип, Виктор и Стефан, а со нив во Дубаи тргна и девојката на Филип, пејачката Александра Пријовиќ.

Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот



