Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествува во Стратешки дијалог Македонија – САД, којшто се одржува во Вашингтон, каде што се одржува втората сесија од овој важен билатерален процес.
Како што соопшти Министерството, Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и САД, со фокус на безбедноста, владеењето на правото и институционалниот развој.
Во рамки на дијалогот, Министерството за внатрешни работи става силен акцент на зајакнување на граничната безбедност, борбата против организираниот криминал, нелегалната миграција и трговијата со дрога, како и унапредување на разузнавачката соработка со партнерските служби.
-Стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави е важен процес што носи конкретни резултати за безбедноста на нашите граѓани. Преку ова партнерство обезбедуваме посигурни граници, поефикасна борба против криминалот и модерни, отпорни институции - истакна министерот Тошковски.
Од Министерството додаваат дека особено значајна е поддршката од страна на САД во износ од над 3,5 милиони долари, наменета за јакнење на капацитетите на Министерството за внатрешни работи, што претставува директна инвестиција во безбедноста на државата.
Паралелно, се работи и на унапредување на сајбер безбедноста преку техничка поддршка, обуки и модернизација на системите, со цел поефикасна заштита на институциите и критичната инфраструктура.
-САД остануваат најважен стратешки партнер на државата и силен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и демократските капацитети, додаваат од МВР.
МИА
Ново на Сител
-

Поништени студиите на 11 студенти од Филозофскиот факултет
-

ОЈО-ГОКК: Тестот на обвинетата Димитровска го полагал друг, а таа му пишала порака дека ќе чести ручек
-

Кој ќе ги гони полицајците за „Пулс“?
-

ФЗО проверува зошто доктори од внатрешноста земаат и по 2000 евра плата, а пациентите ги праќаат во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
-

НАТО оценувачи ја тестираат борбената готовност на ЛПБГ
