-->
-->
Трагедија: 36-годишна велешанка пронајдена мртва во Лондон
-->

Македонска државјка (36) со потекло од Велес била пронајдена мртва изминатиов вторник во нејзиниот стан во Лондон. Нејзината цимерка, исто така Македонка им ја соопштила веста на нејзините родители во Велес.
Таа не ја знаела причината за смртта. Кусо им кажала дека нивната ќерка е однесена на обдукција од чии резултати ќе се утврди причината за смртта, објави „Дума“.
Станува збор за девојка која петнаесет години работела и живеела во Лондон. Таа често доаѓала во Велес. Последен пат неа ја видел нејзиниот татко кој бил да ја посети во Лондон пред еден месец.
Денеска Министерството за надворешни работи на Република Македонија немаше информација за овој трагичен настан.
Од таму соопштија дека оствариле контакт со Амбасадата на Република Македонија во Велика Британија и сега очекуваат информации за трагедијата. Штом ги добијат рекоа дека ќе ги соопштат
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

СДСМ ја оспори антимигрантската резолуција на ВМРО-ДПМНЕ пред Уставен - Од ВМРО-ДПМНЕ велат СДСМ се плаши бидејќи лаже за мигрантите
-

Ахмети ќе разреши над 70% од актуелното раководство на ДУИ на утрешниот конгрес?
-

Смарт МК 2030 – амбициозна Стратегија за ИКТ развој на државата
-

Предлози и критики за Стратегијата за образование и наука 2026-2032 ќе може да се испраќаат до крајот на годината
-

Рамстор додели МG автомобил на наградна игра „20 години Рамстор Мол“
-

„Алкалоид“ АД Скопје отвори нова микробиолошка лабораторија за контрола на квалитет
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок долг и високи камати - закана за економијата
