Трагедија: Македонец возач на камион загина утрово во сообраќајка во Германија
Во сообраќајна несреќа утрово загина 29-годишен возач на камион од Македонија, пишува Букефал клуб.
Како што информираат од порталот несреќата се случила утрово во 06:50 часот на автопатот А44 во близина на Витен, а во правец кон Дортмунд, кога младиот возач од непознати причини излетал десно од патот и удрил во бетонски столб од надвозник. Тој загинал на лице место, а неговото тело било заглавено во смачканата кабина, која од силата на ударот се поделила надолжно на два дела и притоа 25 тони тркала со жица и други метални делови се распрскале наоколу по коловозот.
Поради тоа што не било сигурно дека столбот не е оштетен од ударот, градежен инженер ја тестирал стабилноста на мостот, при што две од трите ленти биле затворени за сообраќај. Патот бил повторно пуштен во употреба околу 9:40 часот.
Полицијата ја процени материјалната штета на 150.000 евра.
Ново на Сител
-
Амбасадата на САД во Киев затворена поради потенцијален воздушен напад врз градот
-
Потпишување Договор за грант во вредност од 3 милиони евра за МЖСПП
-
Наришкин: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето
-
Арачиновец криумчарел 9 мигранти од Иран во крајслер
-
Вестбрук прв играч во историјата на НБА со 200 трипл-дабл
-
Во Собранието ќе заседаваат три комисии
-
Нова блокада на обвинителството во Нови Сад, туркање меѓу припадници на опозицијата и полицијата
-
Во Кривичен пресуда за велешката група за сексуална злоупотреба на дете