Трагедија на патот Прилеп -Битола: Мерцедес се заби во комбе, па се запали - има мртви и повредени
Тешка сообраќајна несреќа се счлучила вчера на магистралниот пат Прилеп - Битола.
- На 09.11.2017 година околу 08.00 часот на магистралниот пат Прилеп-Битола, кај местото викано „Петилеп“, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Л. (70) од Скопје, претекнувајќи товарно возило „МАН“, со левата страна на возилото удрил прво во ретровизор од возило „Шкода Фабија“ со битолски регистраски ознаки, и во патничко возило „Рено Твинго“ со битолски регистраски ознаки, управувано од Ѓ.Т. (19) од Битола, кое излетало надвор од коловозот и се превртело на покривот. Потоа со десната страна „мерцедесот“ удрил во кабината на товарно возило „МАН“, по што излетал надвор од коловозот каде застанал. Во тој момент во возилото настанал пожар при што целосно изгорело. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле М.Л., возачот на „Рено Твинго“ Ѓ.Т. и А.Б. (18) од Битола, сопатник во истото возило. На нив им била укажана медицинска помош во Клиничка болница Битола, каде Ѓ.Т. од здобиените повреди починал, соопштуваат од МВР.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Битола.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија