Трајковски на средба со еко училиштата во Гази Баба

Градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски денеска одржа средба со директорите на основните училишта од подрачјето на Гази Баба во врска со имплементација на Програмата „Интерграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем".
Оваа година меѓу наградените училишта со зелено знаме се ООУ „Дане Крапчев" и ООУ „Наум Охридски", а со сертификат за освоено сребрено ниво се здоби ООУ „Кирил и Методиј". Овие училишта ги задоволуваат предвидените критериуми и услови за добивање на статусот за кој аплицирале на овогодинешниот конкурс.
Меѓу условите кои се предвидени со оваа програма училиштата преземаа низа активности во насока на подобрување на условите за работа во училиштата и зачувување на животната средина, меѓу кои се и поставување на ПВЦ врати и прозорци, менување на старите кровови со нови, поставување на парно на пелети, базени за собирање на дождовница и низа други мерки.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
