Трамп: Ќе го вратиме Претставничкиот дом, ќе го вратиме Сенатот и ќе ја вратиме Америка и тоа наскоро
На првиот митинг синоќа откако ја напушти Белата куќа, Доналд Трамп ја критикуваше имиграциската политика на администрацијата на претседателот Џо Бајден и ги повика приврзаниците да им помогнат на републиканците да го вратат мнозинството во двата дома на Конгресот.
„Ќе го вратиме Претставничкиот дом, ќе го вратиме Сенатот и ќе ја вратиме Америка и тоа наскоро“, рече Трамп.
Трамп одржа говори на некои митинзи на Републиканците откако ги загуби изборите од демократот Бајден, но митингот во Охајо – држава каде победи на изборите во 2020 година – претставува враќање на масовните митинзи што беа клучни за одржување на поддршката на неговата база.
Трамп ја напушти функцијата по нападот на неговите приврзаници на Капитол на 6 јануари, што се случи кратко по говорот во кој ги повтори тврдењата дека изборите биле украдени.
Тој се уште има големо влијание врз Републиканската партија, делумно затоа што ја остави отворена можноста повторно да се кандидира на изборите во 2024 година, јавија американските медиуми.
Обраќајќи им се на илјадници приврзаници, Трамп направи список со поплаки – со критики за изборите во САД, а особено се фокусираше на зголемениот број имигранти кои влегуваат во САД преку јужната граница.
Враќањето на Трамп на големите митинзи е почеток на јавни настапи во кои поранешниот претседател ги напаѓа републиканците за кои верува дека политички го изневериле.
Ново на Сител
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
-

Поништени студиите на 11 студенти од Филозофскиот факултет
-

ОЈО-ГОКК: Тестот на обвинетата Димитровска го полагал друг, а таа му пишала порака дека ќе чести ручек
-

Кој ќе ги гони полицајците за „Пулс“?
-

ФЗО проверува зошто доктори од внатрешноста земаат и по 2000 евра плата, а пациентите ги праќаат во Скопје
-

Преглед на вестите од светот
-

Пренџов: Очекуваме конструктивност од новата бугарска влада
-

Јаневска: Оваа година матура ќе се полага според новиот закон
