Трамп: Можен е нов 11 септември

Републиканскиот кандидат за претседателските избори во САД, Доналд Трамп предупреди на можен напад сличен на оној од 11 септември 2001 година, кој, според него, ќе го предводат бегалци кои влегуваат во Америка со мобилни телефони, финансирани од Исламска држава, пишува денеска британскиот весник „Индипендент“.
Одговарајќи на прашање во една радио емисија дали на Американците им е потребен напад од големи размери на територијата на САД за да се освестат во врска со безбедноста на границите, Трамп истакна дека „ќе се случуваат многу лоши работи“.
- Ќе има напади за кои нема да верувате, кои ќе бидат извршени од луѓе кои доаѓаат во нашата земја. Бегалци влегуваат во САД, немаат пари, а имаат мобилни телефони. Кој ги плаќа нивните месечни сметки? Имаат телефони со знамиња на ИД, нагласи републиканскиот претседателски кандидат.
Сепак, Трамп не изнесе докази околу тврдењата за таквиот можен терористички напад во САД.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
