Тренчевска: Ќе почне процесот на колективно договарање и усогласувањето на платите со СОНК и со останатите синдикати
Заедно со претставниците на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) и со останатите синдикати ќе седнеме на маса и ќе го отвориме процесот на колективно договарање и усогласувањето на останатите плати, рече синоќа министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.
Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, Тренчевска посочи дека Владата веќе се изјаснила, дека апсолутно е подготвена да го отвори прашањето за донесување нов општ колективен договор за јавниот сектор, со кој ќе се уреди и правото на регрес за К-15 и правото на усогласување на платите со минималната плата.
-Нема решение за овие теми само за еден ден. Тие преговори траат и ние сме подготвени да ги започнеме. Затоа треба трпение и од страната на Синдикатот, бидејќи ние како Влада покажавме посветеност во решавањето на прашањата за унапредување на правата на работниците и на правата од работниот однос, рече Тренчевска во интервју на телевизија Сител.
Од ресорното министерство потсетуваат дека со неодамна постигнатиот договор меѓу Владата, синдикатите и работодавачите, минималната плата се зголеми за околу 3.000 денари. Од 2017 година има континуирано раст на минималната плата. Во 2017/2018 година се зголеми на 12.000 ден, во 2019 година на 12.507 ден, во 2020 на 14.500 денари и во 2021 на 15.194 ден. Сега со новиот Закон за минимална плата таа изнесува 18.000 денари, за разлика од 2016 година, к ога минималната плата беше во висина од 10.080 денари
Ново на Сител
-
Делумното затемнување на Сонцето видливо од поголемиот дел од Европа
-
На аеродромот во Вашингтон избегнат судир на патнички и воен авион
-
Бенон: Трамп може да оди во затвор доколку во Белата куќа влезе демократски претседател
-
Вардар славеше во Битола
-
Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар се искачи на 1.644, повредени се 3.408 луѓе
-
Ѓоковиќ: Многу сум благодарен што Меси дојде на мојот меч со семејството
-
Тешко повредена 21-годишна работничка во Кочани
-
Кралот Чарлс Трети упати сочувство до народот на Мјанмар поради жртвите во земјотресот