Трендафилова официјално ја започна работата како претседател на Специјалниот суд за воени злосторства на Косово

Бугарката Екатерина Трендафилова, која беше избрана меѓу 148-те кандидати за претседател на Специјалниот суд за воени злосторства на Косово, официјално ја започна работата со формирање на тим кој ќе ги разгледува злосторствата на „Ослободителната војска на Косово“, пишува денеска приштинскиот весник „Зери“.
- Назначувањето на судиите кои ќе ги разгледуваат конкретните дела е следната активност со што ќе го преземе Специјалниот суд, изјави претставникот на судот Авис Бенеш.
Тој истакна дека во моментов приоритет на Трендафилова е да се подготви за пленарна седница на сите новоназначени судии.
Се очекува првите обвиненија да бидат покренати до средината на оваа година, пишува „Зери“.
Специјалниот суд за Косово е новосоздадена институција со седиште во Хаг и во него ќе се разгледуваат сите злосторства извршени од страна на „Ослободителната војска на Косово“ направени врз мирот и човештвото, како и воените злосторства.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
