Три пожари во Скопје, нема повредени
Вчера во 06,10 часот било пријавено дека во с.Кадино-скопско, на место викано.„Кумслук“ избувнал пожар во викендица, сопственост на Л.П. (44). Повредени лица нема. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат. Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
Исто така во 11,55 часот било пријавено дека во Скопје на улицата „Методија Андонов Ченто“ во магацин за детски играчки избувнал пожар. Повредени лица нема, а од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Извршен бил увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
Попладнето во 16,55 часот било пријавено дека во с.Мирковци -скопско, избувнал пожар, при што горела сува трева околу 2000 м2. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил целосно изгаснат.
Ново на Сител
-
Се стопираат етничките вработувања во администрацијата
-
Дамева бара одговорност за судијата Нанев, тој тврди дека Дамева го омаловажува бидејќи не трпи успешни судии
-
Влада: Договорот на Државната лотарија и Хеј ДООЕЛ не е само штетен, туку и за кривично гонење
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски и Муцунски патуваат во Брисел
-
Таравари: Ахмети да се навикне на опозиција
-
Готов предлогот за есенската кошничка
-
Учениците со посебни потреби добија асистенти