Трибина „Ромите во Кочани
Во организација на Здружението „Светла иднина“, во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа трибина на тема „Ромите во Кочани – некогаш и сега“, во рамки на одбележувањето на 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.
На трибината, претставници од неколку институции и граѓански здруженија направија пресек на состојбите и решавањето на важни ромски прашања на локално ниво, при што внимание беше дадено на подобрувањето на образовната структура на ромската популација.
Од Просветниот инспекторат во Кочани нагласија дека опфатеноста во основното и во средното образование на учениците од ромска националност е зголемена за 50 проценти.
-Напредокот во образовната структура на Ромите во Кочани е забележлив ако кажеме дека до пред неколку години кај нас се школуваа еден до двајца Роми во генерација, а многумина од нив, особено девојчињата не успеваа да го довршат средното образование. Во моментот во кочанската гимназија се образуваат 12 Роми, кои покажуваат особен интерес и напредок во наставата, а се вклучени во сите слободни активности, како и во проектите од програмата „Еразмус плус“, нагласи директорот на средното општинско училиште „Љупчо Сантов“, Игор Христов.
На трибината беа истакнати проектите што ги реализира Општина Кочани од областа на инфраструктурата, урбанизамот, социјалната, детската и здравствената заштита, во која Ромите претставуваат доминантни корисници на услугите.
Одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите во Кочани ќе продолжи в понеделник со презентација на резултатите од проектот „Инклузија на децата Роми во детските градинки“, како и со културно-забавни содржини, изложба на традиционални ромски јадења, претставување на занаети карактеристични за Ромите, традиционална облека и слично.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Пандов
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла
-
Филков ја разреши Даниела Алексовска Стојановска од работната група за измените во Кривичниот законик
-
ВМРО–ДПМНЕ и СДСМ продолжуваат со препукувањата за судијката Алексовска Стојановска
-
Собранието со јавна расправа за подобра безбедност во сообраќајот
-
Запленети 1 милион евра во акцијата Вардар, фалсификувани пари пронајдени и во 6 европски држави
-
Проширена истрагата за Адитив - Осомничени уште 8 лица