Трипуновски: Работиме да имаме што повеќе задоволни лозари, повторно да бидеме препознатлив бренд по вино
Ќе работиме да имаме што повеќе задоволни земјоделци. Нема да дозволиме како во минатото секоја година по 500-600 земјоделци од Тиквешијата едноставно ги нема во Регистарот на земјоделски производители. Тоа е сериозен пад, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.
Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трипуновски нагласи дека ние сме познат бренд во светот за македонско вино.
- Ние мораме да ја враќаме Македонија и во квантитет и во квалитет. Ние сме познат бренд во светот за македонско вино. За жал, со вакви количини на производство на грозје ние ќе имаме сериозна намалена количина која што ќе значи извоз, а од друга страна па и помал девизен прилив на државата, изјави министерот Трипуновски на утринската емисија на Сител телевизија.
Тој додаде со ваквата постигната цена за килограм винско грозје релативно е задоволен.
Гледам по реакциите во текот на вчерашниот ден дека Здруженијата, Федерација на фармери излегуваа со поздрав за постигнато. Меѓутоа, морам да потенцирам дека тука не застануваме, порача министерот Трипуновски.
Цената на килограм грозје „смедеревка“ со пресметаните 25 отсто ќе изнесува 18,3 денари, а цената на килограм грозје „вранец“ со пресметаните 25 отсто ќе изнесува 20,8 денари, соопшти вчера МЗШВ. Појаснуваат дека ја земале предвид пресметката на Земјоделскиот институт – Скопје за производната цена на килограм винско грозје за двете најзастапени сорти за 2024 година, зголемена за 25 отсто согласно Законот за вино.
Ново на Сител
-
На социјалните мрежи повици за бојкот на маркетите вo петок поради високите цени на прехранбените производи
-
Орце Ѓорѓиевски: За 100 проценти се зголемува помошта за новороденчиња во Кисела Вода
-
Познатата Селена Гомез со драматично видео против имиграциската политика на САД
-
Во Битола тешко повреден велосипедист откако во него удрил „цитроен“
-
Судиска двојка: Николов и Начевски ќе судат во четвртфиналето помеѓу Франција и Египет
-
Уапсен 45-годишен Швеѓанец кој со автомобил се обидел да ја пробие оградата на руската Амбасада во Стокхолм
-
Малолетник се шетал со нож низ Чаир, полицијата го приведе
-
Приведено 33-годишно лице во Штип поради кражба