Македонија
17. July 2016 - 8:58

Трка на плажа „Beach Run 2016“ во Дојран

Околу 200 учесници денеска ќе ги одмерат силите на третата серија трки на пет километри на плажа „Beach Run 2016“ во Дојран. Почетокот е закажан за 18 часот под јаворите во Стар Дојран.

По двете истрчани трки во Скопје и Претор, на кои учествуваше и македонската атлетска елита, првите три позиции на табелата ги држат - во женска конкуренција Марија Стојановска, Весна Кираџиева и Марго Бојаџиева, а во машка - Игор Јакимовски, Атанас Анчевски и Пепи Анакијев.

Вкупниот фонд за награди на секоја од поединечните трки изнесува 200 евра, а финалните победници на целата серија ќе добијат врвна спортска опрема за трчање.

По Дојран, следуваат трките во Маврово на 24 јули и финалната во Охрид на 31 јули. Серијата трки на плажа ги организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.