Тројца палестински студенти застрелани во Вермонт, еден е во критична состојба
Американската полиција и федералните агенти трагаат по вооружен маж кој застрела и рани тројца студенти од палестинско потекло во Бурлингтон, Вермонт, за што истражителите се сомневаат дека е злосторство од омраза, соопштија органите за безбедност.
Белец вооружен со пиштол пукал во тројцата млади на улица во близина на Универзитетот во Вермонт во саботата вечерта, а потоа побегнал. -Сите се на возраст од 20 години и примаат медицинска нега.
Двајца се наоѓаат во стабилна сосотојба, додека третитот има сериозни повреди, изјавија од полицијата.
Студентите биле застрелани на улица додека се враќале од посета на роднина во Бурлингтон за празникот Денот на благодарноста.
Од полицијата посочија дека двајца од младите носеле куфии, традиционални арапски црно-бели шамии, во моментот на нападот.
— Без да каже нешто, напаѓачот испукал најмалку четири истрели од пиштолот, а потоа побегнал, рече началникот на полицијата во Бурлингтон, Џон Мурад, додавајќи дека двајца биле погодени во торзото, а третиот во долните екстремитети.
Властите веруваат дека „нема дополнтелна информација за мотивот на осомничениот.
“ Детективи работат на местото на настанот и земаат примероци, додека од Федералното биро за истраги изјавија дека „се подготвуваат да го истражат“ инцидентот.
Ново на Сител
-
Четири рочишта против Мерко
-
Дневно и по 200 деца со респираторни инфекции завршуваат на Детска и во клиниката “Козле”
-
Алијанса на пациентски орг. - лекови за онколошки болни што поскоро и вкл. на алијансата при носење на здрав. политики
-
Мицкоски следната недела ќе се сретне со синдикатот на УПОЗ
-
„Генерален штрајк“ во Србија
-
ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ ја поддржува фармацевтската мафија
-
Студентите од Турција ја зголемија ќиријата, но ја подигнаа и локалната економија
-
Преглед на вестите од светот