Тројца повредени при експлозија во Даночната управа во Анкара
Три лица се повредени при експлозија во котларницата на зграда на Даночната управа во турскиот главен град Анкара, соопшти синоќа анкарскиот градоначалник Ерџан Топанџа.
Тројцата повредени се припадници на служзбата за обезбедување на објектот, што се наоѓа во анкарскиот кварт Чукурамбар.
Според Топанџа, постои голема веројатност дека експлозијата претставува саботажа.
- Истрагата се уште трае, но постојат сомнежи дека експлозијата е последица на саботажа. Сомнежите се уште не се сто процентни сигурни, но има сознанија за таква можност, додаде Топанџа.
При експлозијата се нанесени серизони оштетувања на Даночната управа и се искршени прозорците на околните згради и на неколку возила.
Експлозијата се случила по работното време на Управата, така што во зградата се наоѓале само припадници на обезбедувањето, но таа предизвикала паника меѓу присутните во блискиот трговски центар.
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата