Тројца повредени во сообраќајки во Тетово и Гостивар
Тројца пешаци се повредени во две сообраќајни несреќи што изминатата ноќ се случиле во Тетово и Гостивар, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Тој посочи дека во првиот случај околу 20 часот и 20 минути возило со непознат возач на крстосницата од булеварот „Илинденска“ и улицата „29 ноември“ во Тетово налетало и удрило врз пешаците Б.А.(55) и Г.А.(26) и двајцата од Тетово. По сообраќајката возачот со возилото веднаш го напуштил местото од несреќата.
Двајцата пешаци, појасни, се здобиле со телесни повреди и биле префрлени во Тетовската клиничка болница каде по укажаната лекарска помош биле задржани на болничко лекување.
Според првичните податоци од полицискиот увид, нагласи Јосифовски, причина за сообраќајката е тоа што непознатиот возач не ги пропуштил пешаците да поминат на пешачки премин односно недавање на првенство. Казната за овој вид сообраќаен прекршок е 300 евра во денарска противвредност.
- Нешто подоцна околу 21 чсот и 10 минути на улицата „Кеј Братство единство“ во Гостивар патничко возило „Опел“ со гостиварски таблички управувано од гостиварецот Б.Р. (61) удрило 13-годишно девојче пешак исто така од Гостивар. Девојчето се здобило со телесни повреди и со истото возило било пренесено во Гостиварската болница од каде по укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување. Полицијата извршила комплетен увид кој покажал дека и тука причина за несреќата е непропуштање пешак на пешачки премин, информира Јосифовски.
Ново на Сител
-
Посебен сообраќаен режим
-
Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
-
Поддршка од Израел
-
Боре Видевски негира дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче
-
Муртезани: Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од инструментот за реформи и раст од ЕУ
-
Две лица убиени во пукотници во Волково
-
Четири пациенти во критична состојба
-
Црвениот крст собрал над 54 милиони денари