Турција бара над 30.000 воени лица како замена за сменетите во чистките
Турција бара начин да назначи 30. 159 воени лица како замена за оние што беа остранети во чистките по обидот за преврат во јули, јави Анадолија.
Десетици илјади лица, државни службеници, воени лица, полицајци, учители, обвинители, судии и новинари беа приведени или сменети по обидот за преврат, за кој турските власти го обвинуваат исламскиот проповедник Фетула Ѓулен и неговите следбеници.
Турската армија беше особено силно зафатена од чистките, а 9.000 лица, од кои 118 генерали и адмирали, беа уапсени, а илјадници други воени лица беа отстранети од должноста.
Чистките во армијата беа изведени во решавачки момент за Анкара, кога турските вооружени сили водат големи операции против Исламска држава во северна Сирија и против курдските бунтовници во југоисточна Турција.
Ново на Сител
-
Мицкоски на средби со дијаспората во САД
-
Како да се спречи одливот на работници?
-
Од Скопје ќе се лета до Париз и Женева – Воведени две нови авиолинии
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на средба со иселеници во Њу Џерси
-
Седница на ЦУК за координација на системот за управување со кризи
-
Охрид: Неопходна е заедничка соработка за заштита на регионот
-
Струмица: Потребни се законски измени за третманот на бездомните кучиња