Турција годинава заштеди 1,83 милијарди евра поради зголемениот увоз на руска нафта
Турција заштеди околу 1,83 милијарди евра годинава со зголемување на увозот на руска нафта и нафтени деривати по намалени цени, пренесуваат западните агенции, повикувајќи се на податоци од агенцијата LSEG и проценки на трговците.
Турција стана најголемиот увозник на руски енергенси во западната хемисфера, откако европските земји го прекинаа најголемиот дел од увозот на нафта и гас од Русија поради инвазијата на Украина која започна во февруари 2022 година.
Кина и Индија увезоа повеќе нафта од Русија отколку Турција, но Анкара заштеди повеќе од нив благодарение на близината на Турција до руските пристаништа.
Географската близина на Русија и Турција ги намалува транспортните трошоци. Русија извезуваше 400.000 барели нафта дневно во Турција во ноември, што претставува околу 14 отсто од вкупниот глобален извоз на нафта на Русија минатиот месец, покажуваат податоците на агенцијата.
Ново на Сител
-
Американските „тиктокери“ губат потенцијални милиони долари со забраната
-
На автопатот Демир Капија - Неготино пронајдени шест мигранти
-
Ново рочиште за судењето за убиството на Вања и Панче
-
Биткоинот достигна рекордна вредност од над 109.000 долари во очекување на инаугурацијата на Трамп
-
ЦУК: Турски туристи спасени кај Кањонот Матка
-
ЕП ќе расправа на прва пленарна седница за 2025 година
-
Мицкоски ќе присуствува на инагурацијата на Доналд Трамп во Вашингтон
-
Почнува второто полугодие од учебната 2024/2025