Турнејата на Меси низ Индија започна во хаос, лутите навивачи фрлаа седишта на теренот

Турнејата на Лионел Меси низ Индија започна во хаотична атмосфера. На стадионот „Солт Лејк“ во Калкута претпладнево навивачите ги кршеа седиштата и ги фрлаа на теренот по кратката посета на фудбалерот на Аргентина и Интер Мајами.
Меси е во Индија како дел од турнејата за време на која треба да присуствува на концерти, младински фудбалски клиники, турнир во падел и да започне добротворни иницијативи на настани во Калкута, Хајдерабад, Мумбаи и Делхи.
Според извештаите во индиските медиуми, победникот на Светското првенство во 2022 година прошета по теренот на стадионот на кој беше откриена 20-метарска статуа со неговиот лик. Тој им мавташе на навивачите, опкружен со голема група луѓе и си замина 20 минути по неговото пристигнување.
– Само лидери и актери го опкружуваа Меси… Зошто тогаш нè повикаа? Плативме билет 100 фунти, но не можевме ниту да му го видиме лицето, изјави еден разлутен навивач.
Главниот министер на државата Западен Бенгал, Мамата Банерџи, му се извини на Меси и нареди истрага за инцидентот.
– Длабоко сум вознемирен и шокиран од лошото управување што беше забележано денес на стадионот „Солт Лејк“, објави Банерџи на X. Искрено му се извинувам на Лионел Меси, како и на сите љубители на спортот и неговите фанови, за несреќниот инцидент.
Во минатото, Диего Марадона двапати ја посети Калкута и во 2017 година откри своја статуа како го држи трофејот од Светското првенство, во присуство на илјадници фанови.
МИА
Ново на Сител
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
