Балкан
13. October 2016 - 9:25

Турски авион 17 пати го нарушил грчкиот воздушен простор

Турски транспортен авион ЦН-235 вчера 17 пати го нарушил грчкиот воздушен простор во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејското море.

Грчките власти соопштија дека авионот бил идентификуван и пресретнат во согласност со меѓународното право.

Еден ден претходно, два турски борбени авиони четири пати го нарушија грчкиот воздушен простор во североисточниот и југоисточниот дел на Егејското Море.

Според грчкиот Генералштаб, турските авиони не летале во формација и не биле вооружени.