Loading Video...
Кошарка
14. August 2019 - 19:40

У-16: Убедлива победа против БиХ за опстанок во А-дивизијата

Македонската кадетска кошаркарска репрезентација одигра одличен дуел  против БиХ и со убедлива победа го избори опстанокот во А-дивизијата.  

                 Победата од 76-64 ја остави нашата репрезентација во борбата за пласман од 9-тото до 12-тото место на шампионатот на кој  по поразот од Русија  се најдоа сили за уште една добра партија како претходно во групната фаза што резултираше со драгоцен успех.

                По израмнетото прво полувреме во кое селекцијата на БиХ оствари предност од еден кош разлика клучна за победата на македонската селекција беше третата  четвртина во која доминиравме со резултат 30-14 и влеговме во мирна завршница.

                Во овие моменти одлично функционираше Андреј Митревски кој мечот го заврши со 25 поени додека Мемед беше втор стрелец со 15.

                Следува дуелот со Словенија по кој Македонија ќе го заокружи настапот на овој шампионат на кој остави солиден впечаток.